Како да го извлечете максимумот од храната?

Тестенините, млечните и месни производи, чоколадото… сета оваа храна треба да ја консумираме во одреден дел од денот, за да можеме да го извлечеме максимумот од неа. Еве кога таа е најдобра за јадење:

Тестенини. Совршени се за појадок и ручек, бидејќи се богати со влакна кои помагаат при варење на храната. Можат да бидат и висококалорична хранадоколку се сервираат со месо. Токму затоа, не се препорачуваат за вечера, бидејќи навечер треба да се внесува полесна храна.

Сирење и кашкавал. Ја намалуваат подуеноста во стомакот и влијае врз намалувањето на килограмите. Токму затоа, најдобро е да се консумираат наутро. Доколку се консумираат навечер предизвикуваат проблеми при варење на храната.

Ориз. Најдобро е да се консумира за ручек, бидејќи е богато со јаглехидрати кои ќе Ви овозможат енергија за остатокот од денот. Не се препорачува за вечера, освен ако сакате да ги зголемите килограмите.

SLIKA-2

Месо. Бидејќи месото во желудникот се вари подолго време, да се консумира за вечера не е добро за дигестивниот тракт. Затоа, консумирајте го за ручек.

Компири. Добри се за било кој дел од денот, но внимавајте на количината. Најдобро е да се консумираат за појадок и ручек.

Овошје. Најдобро е да се консумира помеѓу оброците, како ужина.

Јаткасти плодови. Богати се со Омега-3 масни киселини, со тоа го регулираат крвниот притисок. Бидејќи содржат многу масти и калории не се препорачуваат за навечер.

Чоколадо. Неколку коцки чоколадо за појадок, особено црното, се добри за подобрување на работата на срцето и за забавување на стареењето. Внесувањето повеќе од 25гр дневно, телото ќе го претвори во масти.

 

Е.С.

 

photo1/ news.gatech.edu

2/ seriouseats.com

 

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.