Совети за шминкање на чувствителни очи

Доколку имате насолзени и црвени очи, постојано иритирани или отечени, Вие сигурно имате чувствителни очи и на шминка. Токму затоа, Ви нудиме совети за шминкање кои Ви препорачуваме да ги применувате секој поединечно за да можете да процените што најмногу Ви пречи.

Избор на природна и органска козметика. Ваквата козметика е најдобар избор за очите, но при купувањето на производот погледнете го неговиот состав, во случај да сте алергични на некоја состојка.

Рок на употреба. Не секој го проверува рокот на употреба на производите. Секој производ има рок на употреба и рок на употреба по отворањето. Не го чекајте последниот ден за да го фрлите пакувањето, туку тоа направете го многу порано.

SLIKA-2

Капки за очи. Доколку употребувате капки за очи, употребете ги половина час пред шминкањето. Доколку ги ставите непосредно пред шминкањето, очите ќе станат влажни, што ќе го попрачи процесот.

Четки и апликатори за шминка. Шминката секогаш нанесувајте ја со претходно убаво измиена и исчистена четка/апликатор. Нечистотијата може да предизвика иритации и инфекции.

Испробувајте брендови. Има многу брендови кои произведуваат козметика за чувствителни очи. Еден бренд на некого може да му е корисен, на некого штетен. Пронајдете го соодветниот за Вас.

Кремаста сенка. Сенките во прав, особено оние кои содржат светки, се голем непријател на чувствителните очи. При нанесување, правот може да навлезе во окотои да го иритира. Со сенките со кремаста текстура ќе го немате овој проблем.

Моливче за очи. Никогаш не го нанесувајте на внатрешната страна на долните трепки – очите со сигурност ќе Ви се иритираат. Можете да го нанесете на долниот очен капак или на линијата кај трепките.

Маскара. Избегнувајте маскара за издолжување на трепките која содржи влакна. Наместо тоа, набавете си маскара за волумен. Исто така, избегнувајте водоотпорна маскара. Тешко се отстранува, што повторно може да доведе до иритација. Доколку имате екстра сензитивни очи и не можете да употребувате маскара, а сакате да им додадете волумен на трепките, употребувајте виткач за трепки.

SLIKA-3

Отстранување на шминката. Ова е важно за секого, но најважно е за Вас! Имајте на ум дека тоа треба да го правите на нежен начин, без триење.

Не ја делете со другарка. Никогаш не смеете да давате или да земате шминка од Вашата другарка. Бактериите кои се во шминката ќе Ви предизвикаат иритација.

 

Е.С.

 

photo1/ mybeautymatches.com

2/ yeux-maquillage.com

3/ get-the-look.ca

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.