Сладолед во зима – да или не?

Потребата за сладолед најчесто ја добиваме во летниот период, а во зима скоро и да не помислуваме на него. Но, тој е добредојден во секое годишно време.

Според научните истражувања, докажано е дека сладоледот најдобро е да го консумираме во зима, поради температурната разлика меѓу телото и надворешната средина. Всушност, во зимскиот период оваа разлика е многу мала, што не може да доведе до појава на температурен шок, за разлика од летниот период.

SLIKA-2

Исто така, сладоледот ги собира крвните садови, па со тоа ги спречува и воспаленијата. Да не го заборавиме и терапевтското дејство кое го има сладоледот врз нас.

Токму поради овие причини, започнете да консумирате сладолед во зимските месеци, а во летниот период пијте топли чаеви. Топлите напитоци го намалуваат лачењето на пот во летниот период.

SLIKA-3

 

Е.С.

 

photo1/ cosmopolitan.com

2/ pleasurephoto.wordpress.com

3/ zevia.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.