Како работат кармините кои менуваат боја?

Популарните кармини кои ја менуваа бојата од деведесетите години повторно се во мода.

Овие кармини често се опишуваат како шминка која го следи нашето расположение, односно колку сме повесели карминот е порозев, а колку сме полути карминот е поцрвен.

Но, најверојатно сето ова е само маркетиншки трик.

SLIKA-2

Всушност, кармините ја содржат состојката „Red 27“ која реагиран на pH вредноста на нашето тело. Кога оваа состојка доаѓа во контакт со влага, како што е плунката или воздухот, бојата на карминот станува розева. Токму поради ова, не можеме да заеме кога точно карминот ќе ја промени својата боја.

 

Е.С.

 

photo1/ theloop.ca

2/ jay-beautifies.blogspot.mk

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.