Како да ја негувате косата во зима?

Совети за нега на косата во зима од Марија

Како и за телото, така и за косата, зискиот период е доста „агресивен“ па со самото тоа потребна е поголема нега и внимание како таа би останала здрава и јака.

SLIKA-2

Ладниот воздух и многубројните грејни тела во нашите домови, дополнително ја сушат косата , а употребата на плетени капи и џемпери прават да се создава електрицитет. Па така, косата ја губи својата влага и станува сува, кршлива  и оштетена. Затоа, во текот на азимскиот период, потребно е да обрнете поголемо внимание на негата на косата, а како ќе го направите тоа, ќе може да прочитате подолу во овие неколку препораки кои јас ги напишав за вас. Па да започнеме:

1.Пред се, никако не експериментирајте со испробување на ралични препарати кои дополнително ќе ја исушат Вашата коса во текот н азимскиот период. Користете шампон и балзам за коса кои ќе го хидрираат влакното, ќе и ја вратат природната влага на косата и кои во целост и одговараат.

2.Не заборавајте на маските за коса. Денес на пазарот може да најдеме најразлични хранливи маски за коса кои ќе ја направат мазна и сјајна, и дополнително ќе ја хранат од коренот до врвовите.

3.Зимата е период кога нашиот имунитет опаѓа, па затоа е доста битен внесот  на витамин и минерали, кои пак ќе ја зачуваат Вашата коса јака и здрава.

4.Употребете го маслиновото масло како маска за Вашата коса. Ова е едно од најхранливите масла кои може да ги пронајдеме на пазарот, па со самото тоа е одлично и за нега на Вашата коса. Маската од маслиново масло ќе и ја врати живоста и сјајот на косата, а истовремено ќе го негува скалпот и коренот во овие ладни зимски денови.

5.И секако, на крај следете ги препораките на Вашиот фризер бидејќи тој во целост ја познава Вашата коса и може најдобро да ве насочи за тоа во кој правец треба да оди негата на Вашата коса.

 

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

photo/ tipsandbeauty.com, indianhaircare.wordpress.com

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.