10 работи од домот против акните

 

slika-1Мед Богат со антиоксиданси, фитонутритиенти и ензими. Една капка пред спиење е доволна за да се намали црвенилото и флеките и да се омекне кожата.

Лимон Богат е со витамин Ц. Натопете една чепкалка за уши со сок од лимон и нанесете врз акните. Делува анти-инфламаторно, ги намалува отокот и бактериите.

Аспирин Освен што лечи главоболка, има и други делотворни дејства. Во еден сад здробете еден аспирин и посипете го со онолку вода колку да направите густа смеса. Можете да ја нанесете на целото лице или на поедини делови. По миењето не заборавајте да ставите хидратантна крема, затоа што може да дојде до сушење на кожата.

Лук Исечете едно чешне лук на половина и со тоа поминете преку акните. Тоа ќе ги исуши мозолчињата. За кратко време измијте се со вода. slika-2

Алое Вера Земете лист од алое и нанесете го врз акните. Со тоа ќе се смири воспаленото место и ќе се намали црвенилото и отокот.

Витамин Е Доколку веќе го стиснавте мозолчето, отворете капсула витамин Е и нанесете ја врз мозолчето, за побрзо заздравување.

Кесички со зелен чај или камилица Земете мокра и ладна кесичка зелен чај и ставете ја врз акните. Зелениот чај е природен анти-септик и има анти-воспалително дејство. Или пак, направете чај од камилица, оставете да се олади, а потоа натопете памукче и можете да го намачкате целото лице два пати во текот на денот. slika-3

Мраз Завиткајте коцки мраз во хартиена крпа и ставете ја врз акните. Тоа ќе помогне да се налами воспалителниот процес и отокот.

Маслиново или кокосово масло На памук нанесете од маслото и ставете врз акните, а потоа измијте се со млака вода. Доколку имате сува кожа, додадете малку масло од лаванда.

Овес Измешајте овес, вода и малку мед и направете си маска за лицето. Оставете да делува 10 минути, а потоа измијте се. Овесот е одличен во апсорпција на маснотии и нечистотија.

Подготвено од: Е.С.