„Detox-smoothie“ со целер и лимон

Ова smoothie е одлично за детоксикација на организмот и за намалување на килиграмите. Додека слабеете, на телото овозможете му ги потребните хранливи состојки.

Потребни состојки:

1 шолја бадемово млеко

Свежо цеден сок од половина лимон

1 зелено јаболко

½ краставица

2 стебленца целер

1 супена лажица чиа семе

1 кафена лажица мед

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Доколку е потребно додадете и неколку коцки мраз. Содржината сипете ја во чаша и декорирајте со ливчиња целер.

На здравје!

SLIKA-3

 

Е.С.

 

photo1/ womendailymagazine.com

2/ ifood.tv

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.