Вежбање за време на бременост

ШТО Е ДОБРО ДА СЕ ЗНАЕ ЗА ВЕЖБАЊЕТО ВО ПЕРИОДОТ НА БРЕМЕНОСТ?

Вежбањето за време на бременоста е многу важно, бидејќи помага при намалување на болките или пак, за полесно враќање во форма по породувањето.

Постојат најразлични вежби за бремените жени во зависност од тоа во кој месец од бременоста се наоѓа. На интернет можете да најдете најразлични вежби за домашни услови или пак, посетете некој фитнес или аеробик клуб каде ќе можете да вежбате со тренер.

Бременоста не е период за тешки вежби без разлика на тоа дали претходно сте биле активни или не. Доколку претходно не сте вежбале, посоветувајте се со лекар за вежбите кои можете да ги правите. Доколку претходно сте вежбале, можете да продолжите, но прилагодете ги вежбите. Вежбајте на рамна површина за да го намалите ризикот од повреди. И никогаш немојте да се доведете до точка на исцпување или дехидратација на организмот.

SLIKA-2

Најсоодветни вежби би биле пливање, пешачење, возење велосипед, аеробни вежби со послаб интензитет. Вежби кои не се препорачуваат, а особено кон крајот на бременоста се скијање, јавање, трчање, кревање тешки тегови.

Исто така, многу е важно во текот на вежбањето да носите удобна облека. добро би било да инвестирате во некој добар спортски градник и удобни хеланки.

SLIKA-3

 

Е.С.

 

photo1/ netdoctor.co.uk

2/ womenhealthcares.com

3/ cairogyms.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.