Љубовно „smoothie“

Дали сте знаеле дека калинката претставува симбол на љубовта уште од античка Грција?

Доколку барате соодветен појадок со кој ќе ја изненадите саканата личност за Денот на вљубените, ова smoothie е одличен предлог за Вас.

SLIKA-2

Потребни состојки:

2 шолји кокосово или бадемово млеко

1 шолја свежо цеден сок од калинки

1 замрзната банана

1 шолја најразлични бобинки (малини, капини, јагоди…)

 

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во две чаши и декорирајте со јаготка или малина.

На здравје!

SLIKA-3

 

Е.С.

photo1/ dorotatrupp.com.au

2/ valentineday.passandoaregua.com

3/ jennifermeyering.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.