„А таа сакаше само…“

Отсекогаш сакаше внимание од него. Го добиваше како трошки, колку да се рече – да проба, без да се најаде, а не па да се засити. Знаеше дека на друг не би го дозволила ова. Зошто нему му дозволуваше? Која е таа лудост? Која е таа вистина, да сакаш а бидеш жеден за внимание?

Не тагуваше за внимание од рози, ниту било какви романтичарски дози. Сакаше само да си ги стоплат срцата, нејзиното веќе топло, а неговото мраз ладно.  Се надеваше дека еден ден нема да му биде тешко да го направи тоа, да ја гледа како своја и сакана, како пред себе така и пред другите. Но, тој ден никогаш не дојде. Ја гледаше, но не доволно.  А таа, стопли се што тој не можеше и не сакаше, ја осветли темнината на кој тој беше претходно навикнат, го научи што е љубов бидејќи тој никогаш не знаеше, го научи да сака. Но не до крај, не целосно… Не успеа да му покаже колку и е потребен кога навистина и е потребен. А тој не умееше да препознае. Можеби не беше крив, можеби навистина не знаеше.

Но, таа сепак го сакаше, секогаш…Наивка!

Ц.Б

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.