Најчести изговори за пропуштање на вежбањето

Ова се некои од најчестите изговори кога доаѓа ,,тајмингот’’ за вежбање:

  • izgovor2Немам време, не можам да стигнам. Разбирливо е кога навистина се нема време за да се стигне за физичка активност, но сепак доколку навистина сакате да направите нешто добро и здраво за своето тело, а тоа да биде физичка активност, тогаш потрудете се да бидете редовни или дисциплинирани кон вашиот избор. Со подобра организација можеби ќе можете да стигнете на време.

 

  • Слаб/а сум, не ми треба вежбање. Кој рекол дека вежбањето е само за слабеење? Да, вежбањето го поттикнува слабеењето но носи уште многу други бенефиции, како зајакнување на мускулатурата, подобар сон, подобро расположение, поголема кондиција…

 

  • izgovor-1Уморен/на сум. Во ред е да го прескокнете вежбањето доколку сте преуморни, но лесните вежби секогаш помагаат против уморот. Ќе се загреете, ќе ја подобрите циркулацијата, и ќе влезете во форма. Вечерта уште подобро ќе заспиете. Не го прескокнувајте вежбањето освен кога имате навистина оправдани причини за тоа.

 

  • Тоа нема да ми помогне. Од каде знаете? Не се потпирајте на туѓите искуства, секој има различна приказна, а пред се различен организам. Доколку здравствео можете да вежбате не се двоумите дали да го направите тоа, а ако сте редовни, резултатите ќе си дојдат сами по себе. Но не очекувајте многу со нередовност и секојдневна нездрава (fast food) храна.

 

  • yoga1Ладно ми е/топло ми е. Не, времето не може да биде изговор за да излезете од дома и да одите на вежбање. Можете и дома да вежбата да, но многумина имаат потврдено дека дома имаат помала мотивација за вежбање. Доколку не сте од тие, супер. А доколку сте, времето нека не ви биде изговор. Ќе си се облечете соодветно на времето, земете ја опремата со вас и позитивната мисла и на вежбање!

 

  • Немам со кого да одам. И овој изговор не држи, вие можете сами. Не одите на кафе или во диско, одите да вежбате и да се погрижите за вашето тело. А може и таму да си запознете нови пријатели.

 

Ц.Б.