„Гејша“ на Вашите усни

Мат кармините, а особено течните мат кармини, се козметички производ кој направи вистински бум на пазарот. Овај прозивод стана омилениот кармин на секоја девојка и жена. Па така, со сигурност, како и во мојата, така и во вашата колекција може да се најдат голем број на течни мат кармини. Овој производ секојдневно се појавува на пазарот во различни облици и под закрила на различни брендови, но денес сакам да ве запознаам со новата Гејша колекција на компанијата Аура и нејзините нови течни мат кремасти кармини кои од неодамна се во моја сопственост.

SLIKA-2

SLIKA-3

Пред се,  морам да кажам дека бев воодушевена од боите на овие кармини  бидејќи се сосема женствени, темни нијанси какви што јас обожавам и најчесто носам. Па така, овие мат кармини беа идеални за мене и едноставно мораа да се најдат во мојата колекција. Самите кармини доаѓаат во пластично транспарентно пакување па така може да ја погледнете и нијансата на самиот кармин. Во себе  карминот има и апликатор кој е добар и прецизен и сосема употреблив.

Самата текстура на кармините е добра, нешто поретка од досегашните мат течни камини на Аура, но сепак со одлична пигментација. Еден слој на овој течен кармин е сосема доволен за добра покривност на усните.

SLIKA-4

Единствената мана, ако можам да кажам така, е тоа што овие кармини нанесени на усните се сушат нешто подолго од останатите мат кармини кои јас сум ги пробала, односно потребни им се неколку минути за да го добијат оној целосно мат ефект на усните, но откако ќе се исушат остануваат на усните со часови.

Уште една позитивна работа е тоа што овие мат кармини истовремено ги негуваат усните и не ги сушат како останатите мат течни кармини.

Јас ги имам во 2 нијанси, темно црвена и виолетова, одлични нијанси за вечерна варијанта или дневна смела шминка.

 

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.