Негувана коса во повозрасната доба од животот

Со текот на времето, во повозрасната доба од животот, косата неизбежно го губи својот сјај, влакното станува тенко и лесно кршливо и оштетено уште во самиот корен.

Токму поради ова, Ви нудиме три лесни начини како да го решите овој проблем:

Спреј за фенирање. Пред да ја фенирате косата, нанесете ѝ спреј за заштита од високата топлина. Додека го употребувате фенот, одалечете го барем 15 см.

SLIKA-2

Ниска температура на апаратите. Без разлика на тоа дали ќе употребувате фен, преса, фигаро или некој друг апарат за стилизирање и обликување на косата кој произведува топлина, намалете ја температурата на најниско ниво со цел помалку да ја оштетите косата.

Фарба за коса. Избегнувајте целосно фарбање на косата, освен ако сакате да ја промените бојата. Можете да го офарбате само коренот кој Ви потпораснал или нанесете прелив наместо фарба. Исто така, можете да ја офарбате косата во прамени, со што ќе ѝ дадете свежина.

SLIKA-3

 

Е.С.

 

photo1/ femside.com

2/ lifexpe.com

3/ keyword-suggestions.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.