Рецензија-Марија: Балсами за нега на усни

Доколку го следите мојот блог, пред неколку дена можевте да го погледнете мојот пост во кој ги прикажав производите кои си ги набавив, а станува збор за медицински производи на брендот Doctor’s(текстот може да го погледнете на овој линк(http://mymakeupbagm.blogspot.mk/2017/02/new-in-1.html)). Помеѓу поголемата количина на различни производи за нега, таму се најдоа и балсамите за усни на Doctor’s кој овојпат ти зедов во 5 варијанти.

SLIKA-1

Негата на усните, во овој период од годината, кога ветерот е се поприсутен, е доста важна и претставува еден од основните чекори кон заштита на телото, па така овојпат овие балзами се мојот избор на производи за заштита и нега на моите усни.

Затоа, денес, за Вас подготвив рецензија за овие производи за нега на усните.

Самите балсами доаѓаат во класично пластично пакување кое на дното има дел со кој може да го извадите и вратите самиот производ во пакувањето. На самото пакување се наоѓа етикета на која се напишани состојките на производот, а јас овојпат се одлучив за 5 варијанти на овој балсам за усни: Tuti fruty, Bubble gam, Marella,Chamomille и  Redberry.

Производот е доста нежен на усните, ја хидрира и храни кожата, и не остава дебел масен слој кој  е непријатен на самите усни. Напротив, овие балсами се лесни и лесно се впиваат во кожата, а притоа и даваат неверојатна мекост.

SLIKA-2

Што се однесува до пигментацијата, тие не оставаат боја на усните, иако имаат различна боја во зависност од видот кој сте го одбрале, па со самото тоа тие се погодни и за женската и за машката популација. Покрај тоа, овие балсами , во својот состав содржат и А,Д и Е Витамини кои ги хранат усните, и УВ заштита со што се штити кожата од штетните сончеви зраци и нејзиното предвремено стареење.

SLIKA-3

Се на се, можам да кажам дека овие балсами се одлични, доста практични и за мене во моментов фаворити за овој месец.

 

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.