Што може да им наштети на градите?

Постојат многу работи кои не смеете да ги правите на градите, но овие 3 се меѓу поризичните:

Ботокс. Навистина, ботоксот ги прави градите затегнати и подигнати, но тој и не е доволно проверен и не се препорачува од страна на лекарите. Тие не даваат гаранција за неговата сигурност при употреба.

Пирсинг. Можеби трендот на присање брадавици зема голем замав, но треба да знаете дека тоа може да предизвика воспаление и инфекции. Тоа може да претставува голем проблем ако се одлучите да станете мајка, бидејќи можете да имате проблеми со млечните жлезди, што всушност може да го оневозможи доењето.

Исто така, може да предизвика и чешање и иритација доколку сте алергични на метал, или пак, во најлош случај, во зависност од тоа каде и кое лице ќе го изврши пирсањето, можете да се заразите со потешки инфекции и слично

Депилирање. Секој има мали и скоро незабележливи влакненца на градите. Но, не се советува да ги депилирате, бидејќи само ќе ја влошите ситуацијата. Може да дојде до иритација на кожата или до појава на враснати влакненца.

SLIKA-3
todaysparent.com

 

Е.С.

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.