Утрински ритуали за добар и продуктивен ден

Кои од овие препорачани утрински ритуали Вие ги практикувате?

  • 7 минути од лесни вежби со претходни истегнувања, доволни за виталност и будење на организмот.

Наша препорака е претходно да се напиете чаша вода (или количина колку што ви е вас потребно) за ефективно будење и забрзување на метаболизмот.

  • Започнување на денот со Вашето омилено Смути кое би било уште покорисно доколку содржи зелени состојки (зеленчук или овошје).

Уште подобро, искористете ја вашата креативност и пробувајте во текот на неделата различни рецепти за смути.

  • Присетете се на Вашите цели кои сакате да ги остварите во текот на денот.

Тие нека бидат вашата мотивација, а помислата на резултатот што го сакате – Вашата внатрешна сила.

  • Како стоите со планерите? Како ги распоредувате Вашите задачи, дали си давате рок и тоа Ви помага подобро и на време да ги завршите, или така повеќе сте под притисок?

Совет: направете така како што вам ви одговара, односно како што ви носи најмногу продуктивност и добро искористено време.

  • После ручек, не се враќајте на компјутерот и тоа што ве заморува. Одвојте барем неколку минути за да одморите, односно тие минути може да ги искористите за нешто што го планирате како следен чекор.

Во продолжение погледнете го следново видео…