„Моктел“ – нова, здрава навика

Моктелот претставува нова здрава навика и кој започнува да станува голем светски тренд. Тоа е всушност коктел без алкохол.

Но, дали можете да си го замислите ноќниот живот без алкохол?

Моктелот добива сè поголема популарност најмногу поради зголемената потреба од здрав начин на живот. Многумина кои сакаат да го исчистат организмот од најразлични токсини или од храна која е штетна за организмот, меѓу кои секако спаѓа и алкохолот, посегнуваат токму по овој пијалок.

2

Овој пијалок името го добил од англиските зборови mock – имитација и cocktail. Некогаш, овој збор служел за да се нарачаат „лажни“ коктели од лица кои не сакале да консумираат алкохол, но ситуацијата налагала да се наздрави.

Овие пијалоци можат да се консумираат во секој период од годината, но најмногу можете да се освежите од нив во летниот период.

Моктелите не само што можат да Ве освежат, туку и да го забрзаат метаболизмот. Токму затоа најпогодни се за оние кои се придржуваат до здравиот начин на исхрана и кои се на диета, односно лица кои сакаат да ги намалат килограмите.

Моктелите се подготвуваат со најразлични комбинации на свежо цедени сокови од овошје и/или зеленчук, чаеви, разни тревки и зачини, парчиња овошје и/или зеленчук, вода и засладувачи.

Доколку гостите кои ќе ги поканите на Вашата прослава не сакаат да консумираат алкохол, ова е одличен избор за нив.

3

 

Е.С.

 

photo1/ thewestbridge.com

2/ prettycaterers.com

3/ theblueroom.bupa.com.au

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.