„Smoothie“ со бобинки

Сите бобинки претставуваат одличен извор на витамини и минерали. Богати се со влакна и антиоксиданси, кои помагаат во успорување на процесот на стареење. Па токму поради тоа, зошто секојдневно да не ги консумираме? Ве советуваме постојано да си подготвувате вакво smoothie за подолг живот.

2

Потребни состојки:

100 мл вода

½ шолја аронија

½ шолја боровинки

½ шолја малини

½ шолја рибизли

½ шолја гоџи бобинки

½ шолја суво грозје

¼ цвекло

1 круша

½ шолја лешници

½ кафена лажица чиа семе

1 супена лажица мед

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Доколку е потребно додадете неколку коцки лед. Содржината сипете ја во 2 чаши и декорирајте со бобинки.

На здравје!

3

 

Е.С.

 

photo1/ blissfulbasil.com

2,3/ pinterest.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.