Електрична или обична четка за заби?

Електричните четки за заби можат да достигнат до 30.000 вртежи во минута, што тоа не може да се постигне со обичната четкичка за заби. Што значи дека, доколку употребувате електрична четкичка за заби, можете да отстраните поголема количина од наталожените забни наслаги, за разлика од употребата на обичната четкичка. Но тоа и не е некоја голема разлика или проблем.

Токму ова, не значи дека електричната четкичка е подобра од обичната. Најважно е тоа колку добро ја употребувате. Токму затоа, повеќето стоматолози не ја препорачуваат електричната четкичка.

2

Она што е најважно е забите да бидат исчистени од сите страни. Четката треба да ја држите под агол од 45 степени, пола на самиот заб, а пола на месото околу забот и со кружни движења да чистите заб по заб. Исто така, важно е четката да има меки влакна, а главата на четката да биде мала за подобро да можете да ги исчистите крајните заби.

Единствена предност која ја има електричната четкичка е „оралниот туш“, кој овозможува чистење на интерденталниот простор и полесна достапност до крајните заби.

Електричната четкичка е добра за оние кои немаат доволно време или трпеливост за подолго четкање на забите.

3

 

Е.С.

 

photo1/ digitaltrends.com

2/ keyword-suggestions.com

3/ parentsneed.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.