„Bananna bun“-решение за лош ден на косата

На сите нас понекогаш нѝ се случува да имаме лош ден на косата. Па затоа, наместо да ја врзете во коњско опавче, Ве советуваме да ја пробате новата фризура messy banana bun.

Во споредба со класичната пунџа, која се врзува високо на главата, оваа лежерна фризура се врзува долу кај вратот. Поради лежерноста и едноставноста, таа треба да е асиметрична. Треба да биде многу опуштена, а не затегната, а тоа можете да го постигнете со неколку bobby pins. Едноставно, соберете ја целата коса, свртете го опавчето неколку пати и прицврстете со шнолите. За подобар изглед, извадете неколку предни прамени коса.

Погледнете како би требало да изгледа:

 

1

3

4

5

6

 

Е.С.

 

photo1,3,4/ brit.com

photo2/ realsimple.com

photo5,6/pinterest.com

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.