Ново: Slice mask sheets

Во последниве неколку години, маските за лице се доста популарни. Особено оние „sheet“ маски – хартиени марамчиња, натопени со најразлични многу моќни состојки кои кожата ја прават позатегната, поубава и поблескава.

Брендовите за убавина, особено корејските, отидоа чекор понапред и ги создадоа овие slice mask sheets. Станува збор за пакување од 12 мали sheet маски со облик на кришки од овошје или зеленчук.

1

Овие маски се наменети за употреба на точно определена зона на лицето која ќе сакате набрзина да ја освежите и да имате здрав, свеж и сјаен изглед. Можете да ги најдете во облик на лубеница, ананас, лимон, краставица и домат.

Лубеница. Ја хидрира и освежува кожата. Може да се нанесува на целото лице, вратот, рацете или нозете.

Ананас. Овозможува еластичност и флексибилност на кожата. Може да се нанесува на целото тело.

Лимон. Помага во осветлување на кожата. Може да се нанесува на целото тело, особено на деловите од телото кои се потемни, како лактите.

Краставица. Кожата ја снабдува со големо количество на витамин Ц и ја одржува нејзината влажност. Може да се нанесува на целото тело.

Домат. Овозможува зголемена хидратација, влажност и блескавост на кожата. Може да се нанесува на целото тело.

2

 

Е.С.

 

photo1/ kocostar.com

2/ mightyfeisty.blogspot.mk

3/ xn--80ajoboeo5j.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.