„Cut crease“ – нов тренд на шминкање (видео)

„Cut crease“ трендот на шминкање на очите претставува техника каде што јасно се дефинира вдлабнатината на горниот очен капак, со две различни нијанси на сенка за очи.

Кога е одлично изработено, дава одличен изглед, особено кај оние со спуштени капаци, бидејќи визуелно ги подигнува капаците, а очите ги прави покрупни.

Во зависност од интензитетот на сенката, можете да постигнете многу нежен или драматичен изглед. Најважно е преминот од едната кон другата нијанса да биде јасен и прецизен.

Туторијал за спуштени очни капаци:

 

Туторијал за нежен изглед:

Tуторијал за драматичен изглед:

 

Е.С.

 

photo1/ pinterest.com

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.