Топло „smoothie“ за ладните денови

Ова топло smoothie е одлично за ладните денови кои сеуште траат. Совршено е за појадок кој ќе Ви го стопли телото.

2

Потребни состојки:

1 шолја бадемово или кокосово млеко

1 кесичка овошен чај по желба

1 банана

¼ екстракт од ванила

1 супена лажица мед

Начин на подготовка:

Загрејте го млекото и во него додадете ја кесичката чај. Оставете да отстои, а потоа истурете го во блендер заедно со бананата, екстрактот од ванила и медот. Изблендирајте и содржината сипете ја во шолја (за подобар ефект, шолјата може да биде стаклена).

3

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ in.pinterest.com

2/ thekitchn.com

3/ instructables.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.