Користење на шампонот за суво миење на косата

Кога сте во брзање и немате време да ја измиете косата со обичен шампон, шампонот за суво миење на косата може да биде негова моментална замена за заштеда на време.

Следниве 3 трикови ќе ви овозможат подобри резултати при неговото користење:

Користете го пред спиење. Можете да го користите дури и ако косата сеуште не ви е мрсна. Така шампонот ќе ја апсорбира маснотијата додека таа се создава. Наутро ќе се разбудите со убави локни.

По нанесувањето, почекајте цели 2 минути пред да ја исчешлате косата. Доколку почнете да ја чешлате порано, делумно ќе го отстраните шампонот, без притоа да му дадете можност да дејствува.

Шампонот за суво миење, исто така, може да го користите и на чиста коса. На тој начин, на косата ќе ѝ дадете повеќе волумен и текстура. Така ќе биде идеална за плетење плетенки.

Подготвено од: Е.С.