Ново во светот на убавина-Beauty 3DHD Blender

Сета оваа beauty манија зема поголем замав со Beauty блендерот – сунѓер за нанесување пудра до совршенство.

Производителите Sigma beauty на пазарот го лансираа новиот производ Beauty 3DHD Blender. Овој производ доста се разликува од класичниот Beauty блендер и во обликот и во начинот на употреба.

2

Со својот иновативен и уникатен дизајн, многу лесно можете да ја истакнете секоја контура на лицето. Овој сунѓер има 3 наменски страни. Има 2 рамни страни со чија помош можете многу прецизно да го контурирате лицето и 1 заоблена страна за совршен HD изглед, со чија помош можете да ја нанесувате пудрата, без разлика дали е кремаста, течна или камена. Најдобро од сè е што овој сунѓер има врв со кој лесно можете да ги нашминкате и потешко достапните места.

3

Достапен е во две бои – црна и циклама боја.

Па, што велите за новиот производ?  

 

Е.С.

 

photo1/ bustle.com

2/ glamistic.com

3/ sigmabeauty.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.