Не можете да заспиете поради анксиозноста?

Колкупати Ви се случила оваа ситуација? Ви претставуваме неколку начини како да се справите со анксиозноста, односно како да се смирите и опуштите пред спиење без да размислувате за стресни настани, проблеми и одлуки.

Заборавете на кафето. Кофеинот во кафето го намалува уморот и поспаноста. Токму поради тоа, кофеинот не Ви е потребен пред спиење. Добра замена за кафето е чајот, особено зелениот чај.

2

Отфрлете ја негативната енергија. За да бидете во целост опуштени, пред спиење отфрлете ја негативната енергија и негативните мисли. Тоа можете да го постигнете со едноставна јога вежба. Легнете на грб, со нозете потпрени нагоре на ѕид. Останете така 3 минути. Веднаш ќе почувствувате како се опуштате и како Ви се подобрува циркулацијата на крвта.

Консумирајте витамини и минерали. Различни видови витамини и минерали, најразлични билки и други природни додатоци помагаат при анксиозноста. Магнезиумот е идеален минерал за ваква ситуација. Тој делува смирувачки на Вашето тело, што ќе Ви овозможи побрзо потонување во сонот. пробајте и најразлични производи од валеријана, магнолија и камилица.

Заборавете на смартфонот. Гледањето во екранот на својот смартфон пред спиење овозможува намалено произведување на хормонот мелатонин, кој го регулира нашиот биолошки часовник, а резултатот е недостаток на одмореност, свежина и енергија во текот на денот. Наместо тоа, читајте книга.

3

 

Е.С.

 

photo1/ scarymommy.com

2/ jawbone.com

3/ wallpaperscraft.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.