2 начина на создавање здрави навики

Точно така, само 2 збора можат да бидат од големо значење и да дадат одговор на многу прашања.

Постојат толку тврдења, различни ставови и размислувања за правилна исхрана односно здрав начин на живеење, но колку од тоа е вистина?

umerenost-aktivnost2

Вистината е дека секој организам е различен и треба да го користи тоа што му годи и го одржува здрав и витален. Постојат факти кои упатуваат кон умерена и здрава исхрана со витамини и минерали кои му се потребни на организмот нормално да функционира и да биде витално и здраво, а таа навика на здрава исхрана да биде попратена со умерена редовна физичка активност. Постојат факти кои упатуваат кон тоа да не ги скратуваме целосно задволствата во омилената храна туку во таа храна  па дури и во здравата храна (зеленчукот, овошјето..) да се биде умерен!

Оттука произлегува првиот збор со големо значење: УМЕРЕНОСТ.

 

Вториот голем збор е АКТИВНОСТistegnuvanje

Внесете ја физичката активност која најмногу ви одговара во вашиот секојдневен живот. Вие одбирате како ќе се движите и како ќе го активирате Вашето тело. Дали тоа ќе биде некој вид на спорт, аеробик, јога, пилатес, трчање или само пешачење не е важно, важно е да се движите! Но под АКТИВНОСТ не подразбираме само физичка активност. Тука влегува и социјалната активност со околината, со драгите луѓе, со нашите пријатели. Социјализирањето и  дружењето се нашето богатство, нашиот одмор и среќа и нашата активност во дружењето и одржување на овие контакти не одржува витални и позитивни. А позитивните мисли и начин на гледање на работите го одржуваат нашето здравје.

 

Ц.Б.