Зошто да ја оставите брадата да порасне?

Брадата не само што Ве прави помажествени и изгледа прекрасно доколку е добро обликувана, таа е добра и за Вашето здравје. Еве зошто:

Брадата како прочистувач. Влакненцата во носот имаат за цел да го прочистат од прашина воздухот кој го дишеме. Истото се случува и со брадата. Поради оваа функција, може да Ве заштити од појава на несакани алергии на кожата.

Брадата како навлажнувач. Лицето без брада е изложено на сув, топол или ладен воздух, што предизвикува сушење на кожата и потреба од употреба на хидратантни креми. Со брадата нема да го имате овој проблем, бидејќи таа ќе Ви ја заштитува кожата и самата ќе влијае како средство за хидратација на кожата.

2

Брадата како заштитувач од инфекции. Оние кои често ја бричат брадата, се подложни на инфекции. Затоа, не ја бричете брадата, бидејќи таа ќе Ве заштити од тоа.

Брадата како формула за млада кожа. Иако со брадата ќе изгледате малку постаро, но кожата ќе Ви биде неколку години помлада. Со брадата ја штитите кожата од сонцето за 95%, а со тоа ја намалувате и појавата на брчки на лицето или рак на кожата. Сонцето може за брзо време да ја остаре кожата.

3

 

Е.С.

 

photos/ pinterest.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.