Каква боја на лак за нокти да одберете?

Можеби сте незадоволни со обликот на Вашите нокти, па за да го подобрите визуелно нивниот изглед, Ве советуваме да се послужите со овие совети:

Кратки и заоблени нокти. Налакирајте ги ноктите со било која пастелна боја на лак за нокти. За визуелно да ги издолжите ноктите, лакот не го нанесувајте  низ целата површина на ноктот, туку оставете простор до рабовите.

SLIKA-2

Кратки и коцкасти нокти. Налакирајте ги ноктите со „nude“, златни или розеви тонови, а избегнувајте темни бои на лакови.

Долги нокти со широка површина. Ноктите слободно можете да ги налакирате со секаква боја на лак за нокти. Темни или светли нијанси, проѕирен лак, лак со светки, секој би прилегал одлично.

Долги нокти со тесна површина. Најсоодветен избор на боја на лак за нокти е црвената, особено темно црвената боја. Одлично одговараат  и розевите и „nude“ нијанси.

SLIKA-3

 

Е.С.

 

photo1/ goodhousekeeping.com

2/ fashionisers.com

3/ reference.com

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.