До поубава коса-со овие состојки во шампонот

Доколку не сте подготвени да употребувате „Направи сам“ шампони за коса, но и не сте баш задоволни од шампонот кој го употребувате, послужете се со дополнителни природни состојки кои можете да ги додадете во шампонот. Еве што можете да ставите:

Алое вера. Оваа билка помага при побрз раст на косата и хидратација, но и за отстранување на перутот. Промешајте 2 супени лажици шампон со 1 супена лажица гел од алое вера и нанесете на косата.

2

Есенцијално масло од лаванда или рузмарин. Освен тоа што Вашата коса ќе мириса прекрасно, ќе се ослободите и од перутот. Исто така, ќе заборавите на сувата и лесно кршлива коса. Промешајте 2 супени лажици шампон со 4 капки масло и нанесете на косата.

Мед. Медот ќе ги уништи бактериите, ќе ѝ ја врати влажноста на косата, а со тоа ќе го намали перутењето. Ќе го поттикне растот на косата, бидејќи ќе го подобри здравјето на фоликулите. Промешајте 2 супени лажици шампон со ½ супена лажица мед и нанесете на косата. Но, внимавајте – по подолга употреба на медот, косата може да осветли.

3

Лимонов сок. Лимонот ќе помогне во отстранувањето на перутот и на вишокот маснотии, но нема негативно да делува врз лојните жлезди. Промешајте 2 супени лажици шампон со сок од ½ лимон и нанесете на косата.

 

Е.С.

 

photo1/ blog.freepeople.com

2/ stylecraze.com

3/ blog.freepeople.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.