„Smoothie“ еликсир на младоста и подолг живот

Ова „smoothie“ ќе Ви помогне во одржување на подолг живот и младолик изглед. Одличен е поради тоа што содржи јаболки кои го зајакнуваат имунитетот, ја стимулира работата на јетрата, бубрезите и жолчката. Морковите се одлични за видот, забите и срцето. Лимонот е го намалува крвниот притисок, одлично се бори против инфекциите и грипот, а ѓумбирот го намалува холестеролот.

Токму поради овие причини, Ве советуваме да си го подготвите уште следното утро.

2

Потребни состојки:

3 јаболки

4 моркови

цвежо цеден сок од ½ лимон

2 см ѓумбир

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Доколку е потребно додадете малку вода. Содржината сипете ја во чаша и декорирајте со парче морков.

Ова smoothie Ви препорачуваме да го пиете наутро пред појадокот.

На здравје!

3

 

Е.С.

 

photo1/ justinecelina.com

2/ echowithin.com

3/ nutrirecipes.org

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.