Викенд „beauty“: Нега на коса без сјај

Здраво на сите.

Добродојдовте на сајтот mygalalife.com. Повторно викенд и повторно нови текстови од мене.

Денес сакам со Вас да ги споделам моите впечатоци од користењето на шампонот за коса од невен на брендот Doctor’s.

1

Па да започнеме:

Toa што ме привлече и го направи овој производ интересен за мене, е неговата главна состојка, невенот. Цветот на невен е еден од најинтересните цветови кои можат да се најдат кај нас, а притоа има интензивно портокалова боја и голем број на лековити својства. Па така, невенот ќе Ви помогне во борбата со различните кожни заболувања, ќе направи раните да зараснат побрзо и ќе ги острани пегите и флеките од кожата.  Покрај тоа, овој шампон има извонредно пријатен мирис и едноставно не можев а да не го испробам.

2

Овој производ доаѓа во пластично транспарентно пакување од 300мл. на кое се означени сите состојки и благодети на овој шампон. Па така, неговото користење ќе ви помогне во борбата со опаѓање на косата, ќе и даде еластичност, сјај и ќе ја направи лесна за расчешлување.

3

 

4

Што се однесува до неговата текстура, самиот производ е густ и транспарентен без боја но со извонредно пријатен мирис. Па така, кога го користите добивате пријатно чувство на масажа не само на косата, туку и на сите сетила.

Ова е еден од ретките производи од овој тип кој навистина ми помогна косата веднаш после туширањето да биде лесна за расчешлување и доста сјајна без употреба на дополнителни регенератори или спрејови за коса.

Иако медицински производ, овој шампон е благ и одличен за секојдневна употреба.

 

насловна сл./ femside.com

 

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.