Нега на уста и заби-дел од „beauty“ рутината

Негата на устата и забите е основен чекор во секојдневната нега на телото која секој од нас ја спроведува наутро и навечер.

Иако станува збор за заби, сепак негата за нив е задолжителна за секоја девојка која води сметка за својот изглед, бидејќи убавата насмевка е и тоа како привлечна.

На пазарот денес можат да се најдат многу препарати со кои ќе ги миете Вашите заби и ќе ја негувате усната шуплина. Но, денес јас сакам да Ви претставам 2 такви производи на брендот Doctor’s  кои започнав да ги користам неодамна.

1

Пастата и водата за плакнење на усната шуплина на Doctor’s , се производи кои неодамна можевте ги погледнете во мојот претпоследен пост на новитети на мојот блог.

Ова се хербални препарати, медицински  чија функција е белеење на забите. Составени се од мал милион најразлични билки кои со својата комбинација прават идеален склоп на производи за нега на устата кои истовремено ќе ја одржуваат хигиената, ќе ги унишуваат бактериите и ќе ги избелат забите од сите оние флеки на кафе, сок, цигари итн. кои во текот на денот се насобрале на површината на забите.

Нивниот мирис е сосема пријатен мирис на мента кој се задржува во устата долго по нивното користење.

2

Пастата доаѓа во интересна пластична туба, поразлична од секоја друга на пазарот, па така, лесно може да ја дозирате и складирате во бањата. Како што реков, има пријатем мирис на мента, не премногу јак и не премногу агресивен. Пастата е доста густа со интензивно бела боја, и тоа е едниствената замерка која јас ја имам кај овој производ. Нејзината густина е толкава што ќе ви биде потребно нешто повеќе време додека ја разнесете по целата површина на забите, па така брзото миење на заби со оваа паста не е возможно. Што се однесува до ефектот, овој производ темелно ги чисти забите и ги отстранува сите наслаги од нив. Со нејзино редовно користење, веќе после 10тина дена започнав да забележувам избелување на забната коска.

3

Покрај пастата за заби, секоја вечер сакам да користам и вода за плакнење на усната шуплина, и така сум целосно сигурна дека сите бактерии кои во текот на денот се нашле таму ќе бидат ушинтени, а моите заби чисти и заштитени. Како и самата паста, и ова е хербален раствор кој има мирис на мента, не премногу интензивен туку сосема пријатен.

За мене ова е нова комбинација на производи која во моментов одлично одговара на потребите на моите заби. Одлични препарати и по квалитет и поцена. Моја целосна препорака и за двата производи.

 

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

 

насл/ mybeautyways.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.