Привлечни и средени нозе за пролетното сонце

Сезоната на високи температури само што не почнала. Тоа овозможува носење на кратки фустани и панталони, односно изложување на нозете на сонце.

Секако дека депилацијата и педикирот се основните работи што треба да ги направите, но постојат уште неколку други попатни работи.

Препорака: SILK КОЛЕКЦИЈА ЗА ДЕПИЛАЦИЈА ОД ГАЛАФАРМ
Препорака: SILK КОЛЕКЦИЈА ЗА ДЕПИЛАЦИЈА ОД ГАЛАФАРМ

Пилинг на кожата. Сите го обожуваме чувството на мека и свиленкаста кожа. Пилингот ќе овозможи отстранување на мртвите клетки на кожата, а ќе помогне и при полесно отстранување на враснатите влакненца од депилацијата. Пилингот можете да го направите во козметички салон или пак, во домашни услови.

2

Хидратација на кожата. После секое излегување на бањата задолжително нанесувајте масло или млеко за тело кое ќе Ви овозможи соодветна хидратација на кожата. После зимскиот период кај многумина кожата е дехидрирана, па токму затоа, користете го секој момент за нејзина хидратација. Тоа ќе ја одржува кожата мека и нежна.

Светли нозе. Овој проблем може да се реши за кратко време, со крема или спреј за самопотемнување на кожата. Но, внимавајте како ја употребувате. Ваквата крема треба да се размачка рамномерно по целата кожа. Не се облекувајте сè додека кремата целосно не се впие во кожата, бидејќи на тој начин ризикувате да ги обоите и алиштата.

3

 

Е.С.

 

photo1/ stylemagazines.com.au

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.