И одеднаш се свртев

Се вртам позади мене.

Да видам да не има некој.

Ма што ми е гајле,

кој и да биде,

кој и да рече.

Врисни си од душа,

убаво да и биде.

Него го држиш за дланка,

светот е во тие две дланки,

кој е друг важен?

Барем еднаш,

не мисли на другите,

ослободи си го срцето,

од сите окови кои му ги имаш ставено.

Го гушиш, го мачиш.

Себеси се мачиш.

Зашто се грижиш,

што ако се однесуваш како што сакаш?

Што ќе речат другите?

„Види ја, колку е слободна.

Како некое дете е.

Дали се нормални вака што пеат, а одат како

нешто да им фали?

Им фали, сигурно.“

Па што ако?

Сакај слободно,

вресни гласно,

за да осетиш дека,

сакаш слободно,

сакаш среќно,

сакаш безусловно.

Го сакаш затоа што е

таков каков што е,

без ништо што поседува,

освен себеси,

таква му требаш,

таков ти треба.

Таков среќен кога го гледаш.

Спокоен кога е до тебе.

Вресни слободно,

затоа што си среќна,

стоплена,

затоа што држиш таква дланка,

силна,

моќна,

за тебе,

споена за твојата тенка,

нежна,

бела дланка.

Ништо не им фали.

Ц.Б

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.