7 можни причини за опаѓање на косата кај жените

Студиите покажуваат дека после триесетата година од животот на жените, нивната коса почнува да опаѓа и да станува поретка. Еве ги причините на кои се должи оваа појава:

Механички причини. Честото пеглање, фенирање или употребата на фигаро ја оштетува косата. Истото се случува и со фарбањето на косата, особено избелувањето на косата со бланш, агресивното чешлање, затегнатите плетенки, коњско опавче или пунџата. Сите овие предизвикуваат оштетување и опаѓање на косата.

2

Стрес. Одредени работи во животот како што се развод на брак, смрт на близок роднина, операција или слично, предизвикуваат опаѓање на косата. Но, за среќа, овој губиток на косата трае од 6 до  месеци, а потоа влакната се обновуваат.

Диети. Откако ќе изгубите десетина килограми, голема е веројатноста дека ќе изгубите и доста влакна од косата. Особено ак станува збор за ригорозни диетви, при кои не се консумираат доволно витамини или протеини. Доколку слабеењето е постапно, со доволно внесување на витамини и протеини, тогаш нема да имате никаков проблем со опаѓање на косата.

Контрацепциски пилули. Хормоните кои ја потиснуваат овулацијата делуваат негативно врз опаѓањето на косата и тоа кај 10% од женската популација, особено кај оние кои се генетски предодредени за опаѓање на косата. До опаѓање на косата доаѓа и во случаеви на престанување со консумација на пилулите, особено во периодот на урамнотежување на хормоните.

3

Ослабнување на работата на штитната жлезда. Со ослабнување на работата на штитната жлезда доаѓа до опаѓање на косата. По воспоставување на хормоналната рамнотежа косата ќе биде густа, сјајна и свиленкаста.

Полицистични јајници. Жените со полицистични јајници честопати имаат неурамнотежени хормони, што предизвикува опаѓање на косата на темето, а зголемена појава на влакна на други делови на телото и лицето.

Породување. Поради наглото губење на одредени хормони во текот на бременоста и зголеменото ниво на стресот при породувањето, може да дојде до опаѓање на косата. Но, косата почнува да се обновува по неколку месеци, а во целост до 2 години.

 

Е.С.

 

photos/ hairloss.org, reference.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.