Алергични сте на полен?

АЛЕРГИЧНИ СТЕ НА ПОЛЕН? ЕВЕ КАКО ДА ЈА „ПРЕЖИВЕЕТЕ“ ПРОЛЕТТА

Со почетокот на пролетта почнуваат и алергиските реакции на полен, кои најизразени се во април, мај и јуни, кога сета природа се буди.

Во последно време, бројот на алергиските реакции е во пораст. Врз ваквиот пораст влијае климата, начинот на живот, исхраната, најразличните инфекции и слично.

Консултирајте се со доктор дали порано треба да се припремите за овој период и на кој начин.

nasl

Доколку сте во можност, променете го местото на престој додека трае овој период.

Алергиските реакции најмногу се зголемуваат при облачно време кога концентрацијата на алергените е повисока, а волуменот на воздухот е намален и при ветровито време, кога со помош на ветрот алергените се разнесуваат насекаде.

За да не си ја влошите и онака лошата состојба, избегнувајте излегување од домот наутро, кога концентрацијата на алергените (поленот) е најголема. Избегнувајте сушење на вешот надвор на жиците,  сушете го во машина за сушење веш или на сушара внатре во домот. Избегнувајте да ги собувате обувките внатре во домот, бидејќи поленот се лепи за ѓонот, па на тој начин ќе го внесете внатре и ќе го разнесете насекаде.

 

2

 

Е.С.

 

photo1/ netdoctor.co.uk

2/ salon.com

3/pollen.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.