Книга на неделата: „Круг“

Круг

Автор: Дејв Егерс

Да знаеш е добро. Да знаеш сѐ – е уште подобро!

Застрашувачка визија на блиската иднина во која приватноста исчезнува, а со светот владее корпорација моќна како „Гугл“, „Фејсбук“ и „Твитер“ заедно. Откако ќе ја вработат во „Круг“, Меј Холанд сфаќа дека ѝ се укажува животна шанса. „Круг“, со седиште во Калифорнија, ги поврзува личните имејлови, профилите на друштвените мрежи, услугите на онлајн-банкарството и пазарот, со својот универзален оперативен систем, создавајќи онлајн-идентитет за секого, со што почнува нова доба на транспарентност. Меј одушевува со своите идеи во компанија каде што се одржуваат целодневни забави, се организираат спортски настани и ручеци, познати музичари свират во паркот, а има дури и аквариум со ретки риби, за што е заслужен генералниот директор. Она што почнува како приказна за една млада амбициозна жена полна со идеали набргу станува возбудлив роман полн со неизвесноти, кој ги отвора прашањата за важноста на сеќавањето, историјата, приватноста, демократијата и на границите на човековото знаење. Општеството од блиската иднина е прикажано како доброволна антиутопија чии граѓани со одушевување потпишуваат секој миг од нивниот нов живот да биде сниман од окото на камерата, а на децата да им бидат вградени сигурносни чипови. Дејв Егерс е еден од водечките американски автори и со овој роман застанува рамо до рамо со класиците како „1984“ на Џорџ Орвел, „Храбриот нов свет“ на Олдус Хаксли или „Ние“ на Евгениј Замјатин.

Истиоимениот филм на Џејмс Понсолд од 2017 година е со Ема Вотсон и Том Хенкс во главните улоги.

2

Издавач: Антолог

Книжевен центар „Антолог“, ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок. 1

02/3201-007

www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

 

Купете online тука