Модни трендови за пролет 2017

Здраво девојки,

Пролетта е тука , а со неа и новите модни и make up трендови за Пролет 2017 година.

Со Вас сакам да ги споделам модните трендови кои оваа пролет ќе завладеат, а make up трендовите за Пролет 2017 и се она што светските make up артисти го претставија како тренд за оваа пролет, ќе може да го прочитате на мојот блог на овој линк www.mymakeupbagm.blogspot.com

Оваа пролет модните трендови носат свежина со себе. Свежи бои, дизајни и кроеви на облеката која е лесна и заводлива.

Пастелните бои оваа пролет се тотално IN во секоја нијанса. Па така, оваа пролет ќе преовладува облека со нежно розева, жолта, зелена и плава боја на ткаенина. Лесните пролетни материјали кои се целосно еднобојни и едноставни ќе бидат составен дел од секое модно парче кое оваа пролет е во тренд.

Кога станува збор за дизајните, единствениот дизајн и шара на ткаенина која оваа пролет е дозволена, се штрафтите односно линиите. Дискретни мали како дел од деловната облека, или дебели линии со впечатлива боја за casual избор на облека.

NASLOVNA

SLIKA-2

 

Трендот на откриени рамена продолжува и оваа пролет но , овојпат е откриено само едното рамо. Она што е ново и поразлично оваа пролет, се расчепените ракави од лактото па надолу.

Покрај нив, белите кошува-фустани се врајкаат на голема врата ,овојпат надополнети со корсет кој ќе биде позициониран на самиот струк, истакнувајќи ја женската фигура и нагласувајќи ги женските атрибути.

Неутралните мантили во нежно кремава боја и  широките пантолони од лесни и лелеави материјали исто така се парчиња на облека која оваа пролет ќе ја забележите во секој бутик.

 

SLIKA-3

SLIKA-4

 

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

Photos/elle.com

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.