„Правила“ според кои нема потреба од диета

Диетите понекогаш можат да бидат опасни за нашето здравје, особено ако не се придржувате до правилниот начин на исхрана и препораките од лекарите.

Поради тоа, нутриционистите нудат неколку правила според кои никогаш нема да имате потреба да држите диета.

Пијте вода. Дневното количество за внесување вода во организмот е 1,5 литри. Водата овозможува да ги исфрлите токсините од организмот, а притоа ќе Ве држи сити.

2

Не гладувајте. Иако гладувате сепак кога – тогаш ќе мора да јадете. Но, тогаш ќе изедете многу поголема количина на храна, отколку кога би јаделе нормално.

Џвакајте правилно. Еден залак храна треба да го џвакате 30 пати. На овој начин помалку ќе го оптоварите желудникот со варење на храната, храната побрзо ќе се свари во желудникот, а и ќе бидете сити за пократко време.

Консумирајте белковини. Два пати во текот на денот треба да консумирате белковини од растително и животинско потекло. Не заборавајте да пиете вода, за да не дојде до оптоварување на бубрезите.

 

1

 

Е.С.

 

photo1/health-weekly.net

2/ stylecraze.com

3/apherald.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.