Книга на неделата: „Нема друга“

Нема друга

Автор: Јела Кречич

Оригинална и комична приказна за сложените човекови односи во современите времиња. По разделбата со долгогодишната девојка, Матјаж паѓа во тешка депресија. Но, по некое време, донесува одлука дека патот до нејзиното срце води преку друга врска. Односно врски. Но планот излегува позамрсен од тоа што очекувал. Тој тргнува на одисеја од „мувања“ на една вечер со редица девојки по познати места во Љубљана, но и од поранешна Југославија. Средбите и жените се најразлични, но Матјаж секогаш доаѓа до истиот заклучок: дека нема друга како бившата. Кречич создала метафора на љубовта во денешното општество, но и урнек на прикриен женомразец типичен за новиот милениум, кој ни го ставила на тацна.

2

Издавач: Антолог

Книжевен центар „Антолог“, ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок. 1

02/3201-007

www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online тука

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.