Како да се процени вистинската крема за лице?

КОЛКУ ВРЕМЕ Е ПОТРЕБНО ЗА ПРОЦЕНКА – ДАЛИ НОВАТА КРЕМА ОДГОВАРА НА ВАШЕТО ЛИЦЕ?

Конечно сте одлучиле да ја промените кремата за лице, но не сте сигурни колку време ќе биде потребно да помине за да процените дали таа крема одговара на Вашето лице.

SLIKA-2

При промена на кремата, многу често доаѓа до појава на мозолчиња, но како да дознаете дали тие значат чистење на кожата или дека новата крема не Ви одговара?

Кремите богати со ретинол, салицилна и млечна киселина и витамин Ц можат да предизвикаат појава на мозолчиња, бидејќи го забрзуваат процесот на скриените бактерии длабоко во кожата, да излезат на површината.

Производите пак, кои содржат масла или силикон, можат да ги затворат порите, со што состојбата на кожата може дополнително да се влоши. Па според тоа, при купување на кремите внимавајте на состојките.

SLIKA-3

Доколку одбраниот производ во себе содржи ретинол, млечна и салицилна киселина и витамин Ц, употребувајте го од 6 до 8 недели. Доколку состојбата на кожата не се подобри во тој период, време е да го промените производот.

Појавата на чешање, печење и црвенило на кожата, значи дека кремата не одговара на Вашата кожа и веднаш престанете со нејзина употреба.

 

Е.С.

 

photo1/ marieclaire.co.uk

2/ businessinsider.co.id

3/ annemaaden.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.