Да победиме заедно

Јас и ти би можеле да победиме се.

Знаеш дека верувам во тоа?

Се додека сакаме, ние ја имаме силата

да бидеме победници.

Да ја спречиме секоја несигурност,

да веруваме во тоа што сме мислеле

дека е невозможно,

да посегнеме по тоа што е ризично,

да се насмееме на нешто од срце,

кога на никој друг не му е смешно.

Да се фатиме за раце кога

никој тоа не го очекува.

Да ги изненадиме сите на нешто кое

не го знаеле.

Да се прегрнеме и во тој момент да се одмориме

од сите глупости во животов.

Ц.Б

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.