Маска од овес за чувствителна кожа на лице

Овесот е житарица која има лековито дејство врз кожата, а особено се препорачува кај иритирана и надразнета кожа.

Токму поради ова дејство, Ви претставуваме рецепт за маска за осетлива кожа на лицето, после која лицето ќе стане меко и нежно:

SLIKA-2

Најпрво земете цветови од лилјан, прелијте ги со зовриена вода и оставете да отстои 30 минути. Потоа, со 4 супени лажици од добиената лилјанова вода прелијте 1 супена лажица овес, 1 супена лажица каолинит, 1 супена лажица глицерин и 1 супена лажица јаглен. Добро промешајте и нанесете на лицето.

Доколку сакате да добиете позатегната кожа на лицето, додадете повеќе глина, а доколку сакате поголема хидратација, додадете малку бадемово масло.

SLIKA-3

 

Е.С.

 

photo1/ shakeology.com

2/ rodalesorganiclife.com

3/ pinterest.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.