Марија: Doctor’s antiacne линија за лице

Неодамна, во мојата колекција на козметички производи пристигнаа новитети на брендот Doctor’s, за што може да го погледнете целосниот „haul“ пост, па денес сакам да ви ги пренесам моите впечатоци од користењето на линијата за акни која ја набавив, а е составена од антибактериски течен сапун и антибактериска крема за лице.

 

1

 

2Иако ги користам само 10тина дена, сепак сметам дека стекнав впечаток доволен како би ви ги пренесла моите импресии од користењето на овие 2 производи за нега на кожата на лицето .

Она што беше доста интересно за мене, а верувам и за Вас, е тоа што самото средство за миење на лице е сосема течно .

Ова е прв производ од овој тип кој не е гел или пена туку целосно течен.

На почетокот бев скептик во врска со него и мислев дека нема да успеам да го измијам лицето никогаш со толку редок производ но, секако не бев во право .

Иако во таква форма, производот е сосема одличен и одлично си ја врши својата работа.

Јас го употребувам наутро и навечер, како и секое друго средство за миење на лице.

Поради тоа што ова е сепак медицинска козметика, го употребувам во мали количини доволни за благо чистење на самата кожа.

3

После неговото користење, кожата е видно почиста  и без себум кој кај мене е често присутен поради масниот тип на кожа на лице.

Што се однесува до кремата, таа доаѓа во мало пакување од 50мл, што за мене е одлично бидејќи испробувам голем број на различни производи.

Исто како и средството за миење, и оваа крема го има истото дејство односно е антибактериска со што и помага на кожата во борбата со акните и спречува нивно појавување.

Нанесена на кожата дава сосема пријатно чуство на мекост, свежина и хидратизација.

4

После ова двонеделно користење можам да кажам дека овие производи се одлични, одлично и одговараат на мојата кожа и значително ми помогнаа во намалувањето на акните на моето лице.

 

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.