Зошто е добро да се вежба „lyengar“ јога?

Lyengar јога е најстариот вид јога и претставува детален пристап кон телото и умот.

Овој вид јога не се фокусира врз вежабњето, обликувањето на телото или флексибилноста или одржување на баланс на телото. Повеќе се фокусира врз психичката рамнотежа, духовниот баланс, како и развој на хормонскиот, невролошкиот, имунолошкиот и кардиоваскуларниот телесен состав.

2

Што значи, главната цел на овој вид јога е овозможување стабилност и ускладеност на телото, преку стабилност и ускладеност на умот. Lyengar јогата претставува терапевтски пристап за подобрување на физичкото и менталното здравје.

Важно е да се напомене дека емоционалните проблеми и тешкотии многу често се поврзани со хормонски дисбаланс. Со применување на овој вид јога можеме да влијаеме врз подобрувањето на работата на штитната жлезда, која е одговорна за емоционалната стабилност.

3

За да се постигнат саканите резултати од практикувањето на оваа јога, на почетокот потребно е да вежбате 2 пати во текот на неделата, па потоа од 3 до 4 пати во неделата, за на крај да вежбате секој ден.

Со помош на lyengar јогата ќе ја промените перспективака од его-ориентирана кон алтруистична, неосудувачка и сочувствувачка.

 

Е.С.

 

photo1/ nordicbalance.co.uk

2/ pinterest.com

3/ iyengaryogahaarlem.nl

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.