Обновување на косата без шишање

Ова се начините како да го спречите оштетувањето на косата и да го подобрите нејзиниот квалитет:

Чешел со широки запци. Ваквиот чешел ќе спречи оштетување на косата при чешлање. Но, секако, ќе мора да бидете многу внимателни доколку ја чешлате косата додека е мокра, бидејќи тогаш таа е многу послаба во однос на сувата коса.

Апарати за стилизирање. Обидете се барем одреден период да избегнувате апарати за стилизирање на косата кои произведуваат топлина, како фенот за коса, пресата, фигарото… Сушете ја косата на природен начин, а за подобро обликување употребувајте шампон и регенератор за таа цел.

2

Хидратантна маска. По секое миење на косата, нанесувајте хидратантна маска. Оставете ја да отстои 5 минути, за да можат состојките подобро да навлезат во коренот и фоликулата на влакното и исплакнете. Во зависност од типот на косата, нанесувајте ленено или маслиново масло. Исто така, можете и да си подготвите и домашна маска за коса.

Меки стегачи за коса. Врзувајте ја косата со меки стегачи, а избегнувајте стегачи со метални додатоци, бидејќи косата може да се заплетка во нив, па кога ќе сакате да ја одврзете, заплетканото влакно ќе се оштети.

3

Избегнувајте врзување на косата. Избегнувајте го коњското опавче или пунџата, бидејќи секојдневното правење на ваквата затегната фризура ја оштетува косата. Доколку сте обожавател на ваквите фризури, косата врзувајте ја многу лабаво. Исто така, може да пробате некоја од многуте плетенки кои се едноставни за правење.

Внимавајте на фарбаната коса. Фарбата го разградува надворешниот дел на влакното, со што доаѓа до појава на оштетени врвови. Токму затоа од голема важност е сите претходно наведени совети да ги применувате многу поригорозно.

 

Е.С.

 

photo1/ blog.unicasport.com

2/ galmeetsglam.com

3/ stylecraze.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.