Марија: Пролетна хидратизација на кожата

Пролетна хидратизација на кожата на лицето

Пролетта е период од годината кога временските  прометите кои ги носи со себе, предизвикуваат сушење на кожата. Затоа е потребна редовна нега и хидратизација.

Кожата на лицето е орган кој е најизложен на таквите временски промени и затоа е потребна редовна хидратизација и нега.

Водена од тоа, дојдов до идеа да ви претставам 3 креми за лице за кои сметам дека ќе бидат одлични за различни типови на кожа и притоа се доста пристапни по својата цена. Станува збор за медицинските кремите за лице на  брендот Doctor’s, и тоа Антисептик кремата од камилица, Алое вера кремата со Витамин Е и Кремата со кантарион.

 

1

2

Антисептик крема од камилица – ова е медицинска крема која во себе содржи масло од камилица. Кремата длабински ја чисти и негува кожата на лицето ,притоа одржувајќи ја влажноста на кожата  и на тој начин ја штити од надворешните влијанија.

3

-Крема за лице од алое вера – ова крема во себе содржи Витамин Е, витамин кој е помага во подмладување на клетките и одржување на нивната виралност, а  алое верата го смирува воспалението и црвенилото на самата кожа. Токму затоа оваа крема е одлична за овој период од годината кога временските услови предизвикуваат исушување и црвенила.

4

– Крема за лице со масло од кантарион- лековитото средство на кантарионот на нашите простори е познато многу одамна. Па затоа, оваа крема е идеална за кожа на која и е потребна длабинска хидратизација, кожа која има суви и испукани делови. Оваа крема ќе и помогне на Вашата кожа во лекувањето на акните, а особено во лекување на изгорениците.

5

 

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.