Рецензија: Aura absolute shine сјаеви за усни

Денес со Вас , сакам да ги споделам моите први впечатоци од користењето на сјаевите за усни на Аура – Absolute Shine  во нијанси 510 и 501.

1

Пред извесен период, на мојот блог можевте да прoчитате текст за новите пролетни трендови кога станува збор за шминка и козметика. Па таму, споменав дека оваа пролет мат кармините се оставаат настрана, а во преден план повторно се сјаевите за усни и сјајните кармини.

Но, и покрај препораките на светските make up артисти, едноставно како да се презаситив од сите тие мат течни и обични кармини, и посакав поголема хидратизација и свеж сјајен изглед нa усните. Па така, помеѓу останатите производи, се одлучив и за 2 сјаја за усни на брендот Аура.

Иако линијата Absolute shine е линија на сјаеви која на пазарот е поставена пред неколку години, сепак нејзините интересесни нијанси и супер квалитет се доста привлечни и прилагодливи на различните трендови.

2

Овојпат мојот избор падна на две нијанси, 510 нежно Nude неутрална нијанса со одлична пигментација и лесно прилагодлива, па може да се носи самостално или над некој добар кармин или молив за усни . Покрај оваа 510, избрав уште една нијанса 501 која е светло праска боја која во себе содржи ситни златни светулки кои на усните им даваат гламурозен изглед. За разлика од претходната нијанса, оваа е транспарентна, односно нанесена на усните дава сосема блага боја и дискретно ги нагласува. Оваа нијанса е погодна за дневна нежна варијанта или како надополнување на јака шминка на очите каде акцентот сакаме да остане на самите очи,а  усните треба да бидат нежни и едноставни.

4

3

5

Што се однесува до самата структура на овие сјаеви за усни на Аура, на прв поглед, таа е добра. Сјајевите се средно лепливи, имаат добра пигментација, лесно се нанесуваат поради апликаторот кој е со средна големина и траат и до 5 часа, тоа е моето искуство.

Мојот прв впечаток е одличен и со сигурност ќе ја надополнам мојата колекција со уште некоја нијанса.

 

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.