Младиот кромид – сојузник на здравјето

Пролетта е период на младиот кромид, кој не сите го обожуваат. Но, имајте на ум дека тој е одличен за подобрување на Вашето здравје.

За затегната кожа. Помага во излачување на колагенот, кој е одговорен за здрава и затегната кожа. Со негово консумирање, ќе ја успорите појавата на брчки на лицето.

За подобар вид. Содржи витамин А кој помага во производство на протеини заслужни за добар вид. Исто така, тој штити од воспаленија на очите.

За нормален крвен притисок. Ги штити клетките во телото од оштетувања предизвикани при делување на слободните радикали, бидејќи е богат со антиоксиданси. Притоа, овозможува нормален крвен притисок, што секако , доведува до намалување на шансите за добивање срцеви заболувања.

За дигестивен систем. Влакната кои ги содржи младиот кромид го подобруваат варењето на храната. Всушност, тој содржи растворливи влакна – олигофруктоза, кои овозможуваат размножување на добри бактерии во цревата.

2

За намалување на холестеролот. Зелените перца на кромидот, кој обично луѓето ги фрлаат, помагаат во намалување на холестеролот. Исто така, помагаат и во намалување на нивото на шеќер во крвта.

За јаки коски. Витамините Ц и К кои изобилуваат во кромидот се важни за цврстината и заштитата на коските. Доколку има недостаток на овие витамини во телото, коските можат да станат лесно кршливи и да се доведе до појава на остеопороза.

За проблеми со астма. Младиот кромид има анти-инфламаторно дејство. Кверцетинот кој се наоѓа во него, ги ослободува и релаксира мускулите кои го помагаат дишењето со што се ублажуваат и намалуваат проблемите со астма.

За проблеми со синуси. Младиот кромид помага во ублажување на проблемите со синусите со олабавување на слузта во носот

3

 

Е.С.

 

photo1/ erinnudi.com

2/ natureandnutrition.com

3/ industryeats.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.